(Видео) Падна покрив на театар во Лондон, има повредени


Неколку луѓе се повредени, а повеќе од 1.000 се евакуирани кога во текот на претставата падна покрив на театарот „Пикадили“ во Лондон.
Несреќата се случила синоќа за време на претставата „Смртта на трговскиот патник“ работена по делото на Артур Милер, во која главна улога игра актерот Вендел Пирс.
Во театарот се слушнале врескања кога нешто по 20 часот по локално време паднал дел од покривот.
Пирс, кој го игра трговскиот патник Вили Ломан, се извини поради прекинот на претставата која на репертоарот е од понеделникот.
На видео-снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како американскиот актер пред театарот ги повикува гледачите да дојдат друг ден да ја погледнат претставата.
Ноовинар на Би-би-си Јан Хедоу, кој бил во публиката вели дека покривот паднал 20 минути по почетокот на претставата. наведува дека од покривот капела вода, која пред уривањето на покривот се претворила во млаз.
Од театарот велат дека дел од покривот паднал и дека петмина се пренесени во болница.