(Видео) Ова е моментот на страшниот верижен судар на автопат во Унгарија


 

Се појави видео на кое се гледа моментот на верижен судар на автопат во Унгарија. Едно лице загина.

Голем верижен судар на унгарскиот автопат М1 сними камера во камион.

Во тешка сообраќајна несреќа во саботата на унгарскиот автопат М1 во областа Херцегалом загина маж (44). Неговото тело е пронајдено под остатоците на изгорениот автомобил, соопшти во неделата наутро полициската управа во Будимпешта.

„Повредени се 39 лица, двајца се во животна опасност, 12 потешко и 25 полесно. Меѓу повредените има и десет деца. Полицијата ги истражува околностите на несреќата“, соопштија од полицијата.

Во сообраќајна несреќа во саботата учествувале 32 автомобили, пет комбиња и пет камиони. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од прашината подигната од невремето во областа.