(Видео) Освои милион долари, а парите ги презеде со маска од „Врисок“

Јамајканецот кој освои милион долари на лотарија, при преземањето на парите се појави со маска на лицето како онаа користена во хорор-филмот „Врисок“.
Добитникот, за кој медиумите пишуваат дека се вика А. Кембел, минатата недела во Кингстон се појави во бел мантил, широки пантолони и ракавици, а на лицето имаше маска, кога требаше да ги преземе добиените пари.
Како што пренесе „Вашингтон пост“. Кембел по 54 дена „собра храброст“ да си ја земе наградата. Тој рече дека кога ја освоил наградата бил восхитен, но по неколку дена бил, речиси, болен.
„Главата ме болеше три дена затоа што постојано размислував за тоа дека ми се оствари она што го сакав. Стомакот ме болеше две недели. Понекогаш чувствував толкава болка што дури и заборавав дека сум добил на лотарија“, вели тој.
Кембел знаел дека рокот за подигнување на наградата е февруари, но сакал малку да се прибере. Парите планира да ги потроши на убава куќа и за унапредување на приватниот бизнис.