Видео од земјотресот со јачина од 7,2 степени во Таџикистан


Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди централноазиската земја Таџикистан. Епицентарот, како што пренесуваат медиумите, бил на 82 километри од границата со Кина.

Кинеските медиуми јавуваат дека овој силен земјотрес бил почувствуван и во кинеската провинција Ксинџијанг.

Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан, Авганистан.

По силниот следеше серија земјотреси со магнитуди од 6,8, 5,0, 4,6 и 4,9 степени.

Земјотресот бил почувствуван низ целата земја, вклучително и во главниот град Душанбе.

Засега нема информации за загинати и повредени, како и за материјална штета.

Се наведува дека станува збор за слабо населена територија со популација од неколку илјади жители високо во планините Памир.

Но, се стравува дека има настрадани жители во Горно-Бадакстан, полуавтономен источен регион во Таџикистан.