Видео од рутата на движење на авионот што се урна кај Солунска Глава


На веб-страницата flightradar24.com е објавена трасата по која се движела „цесната“ што вчера попладне падна на планината Јакупуица, на пет километри од Солунска Глава.

Министерството за внатрешни работи информира дека четворицата патници од авионот, кој вчера полета од Охрид за Софија, а се урна во близина на Солунска Глава, се починати.

Припадниците на МВР, вчера околу 19 часот, ги лоцираа остатоците од авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска Глава.

Во несреќата загинаа Г. А. Б. (1970 год.), К. Ц. К. Б. (1972 год.), Г. Г. Б. (2005 год.) и Б. Г. Б. (2000 год.), сите од Република Бугарија.

Технички спецификации:

Авионот што вчера се урна кај Солунска Глава е „цесна П210Н“. Станува збор за еднопропелерен авион со шест седишта. Првпат е произведен во јануари 1957 година, а се произведува до 1985 година. Просечната цена на чинење на овој авион е околу 200 илјади долари.

Надворешност
Надворешна висина: 3 м
Распон на крила: 11,25 м
Должина: 8,6 м
Надворешен багаж: 340 л

Внатрешност
Волумен на кабина: 2.950 л
Внатрешен багаж: 397 л

Седишта
Екипаж: 1
Патници: 5

Домет
Максимален домет: 1.018 км
Нормален домет: 230 км
Оперативна висина: 8.230 м

Перформанси
Максимална брзина: 390 км/ч
Нормална брзина: 330 км/ч
Економична брзина: 280 км/ч

Цена на чинење на час: 356 долари