(Видео) Објавена снимка од потенцијалниот бомбаш самоубиец во Шри Ланка

Телевизијата Скај њус објави снимка од потенцијалниот извршител на еден од терористичките напади на Шри Ланка.

На снимката која е снимена неколку секунди пред нападот се гледа како темнокос маж со голем ранец оди кон црквата. Во моментот кога влегува во црквата снимката нагло се прекинува.

Во нападите загинаа 310 луѓе, а најмалку 500 се повредени. Нападите се случија на католички Велигден во три цркви, три хотели во престолнината и една во предградие.