(Видео) Објавена е нова снимка од падот на воен авион врз зграда во Русија


Утринава руските медиуми објавија ново, досега невидено видео од неодамнешното уривање на руски борбен авион во станбена зграда во градот Јејск, недалеку од границата со Украина, пренесе Индекс.

Според извештаите, 14 цивили, меѓу кои три деца, загинаа кога руски ловец-бомбардер Су-34 минатата недела удри во станбена зграда на југот на Русија. Пилотите се катапултирале пред падот.

Руската новинска агенција РИА објави дека несреќата се случила за време на тренинг лет од воен аеродром. Агенцијата го цитираше Министерството за одбрана дека пилотите пријавиле дека моторот се запалил при полетувањето и дека горивото на авионот се запалило кога удрил во зградата.