(Видео) Новиот спот на „Рамштајн“ за песната „Дојчланд“ наиде на остри критики поради сцени од холокаустот


Германскиот хард-рок бенд „Рамштајн“ синоќа го објави видеото за својата нова песна насловена како „Deutschland“ и веќе наиде на остри реакции и за само неколку часа видеото има над 6 милиони прегледи.

Видеото илустрира повеќе периоди од историјата на Германија, но, се чини, дека се исмева и со потенцијалната иднина. Гитаристот Пол Ландерс на снимката носи Давидова ѕвезда на градите над натписот „Дојчланд“ (Германија). На почетокот на снимката, еден од рокерите, облиен со крв која му тече низ лицето, стои под
лилјаци.

Клипот предизвика гнев меѓу еврејските групи и политичари кои ги обвинија рокерите дека го тривијализираат холокаустот.

Шарлота Ноблок, која го преживеала холокаустот и поранешен претседател на Централниот совет на Евреите во Германија, за германскиот дневен весник „Билд изјави дека со ова видео бендот ја поминал границата.

„Новото видео ја преминаа границата. Инструментализацијата и тривијализацијата на холокаустот, како што е прикажано во спотот, е неодговорно однесување“, вели Ноблох за „Билд“.

Владиниот повереник за антисемитизам Фелик Клајн изјави дека тоа е невкусна експлоатација на уметничката слобода, доколку видеото е само за зголемување на продажбата.

За други, пак, видеото е провокативен поглед кој ја покажува грдоста што доаѓа со поделбата.

Берлинскиот бенд и претходно беше мета на критики поради своите текстови и видеа. Во во 2009 година германските власти се обидоа да ги цензурираат деловите од албумот „Liebe ist Fur Alle Da“ поради живописните садомазохистички прикази.

Новиот албум на „Рамштајн“ треба да биде објавен на 17 мај.