(ВИДЕО) Нова победа за Ајакс во ЛШ, вечерва падна и Тотенхем среде Лондон


Ајакс вечерва славеше во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем среде Лондон со минимални 1:0

По елиминацијата на Реал Мадрид и Јувентус, Ајакс е на добар пат да обезбеди пласман во големото финале од ЛШ, откако вечерва го надиграа Тотенхем и го поразија со 1:0, па во Амстердам се враќа со голема предност во пресрет на реваншот.

Ајакс уште од самиот старт тргна агресивно, а веќе во 15. минута гостите дојдоа до посакуваното водство. Дони ван де Бек по одличната акција се најде очи во очи со Лорис и ја затресе мрежата, за големо водство на гостите.

Домаќините останаа без искусниот Јан Вертонген, кој настрада во судирот со Алдервеирелд и Онана, па мораше да го напушти теренот со очигледен потрес на мозокот.

Ајакс беше далеку подобар противник во првото полувреме, но во вториот дел Тотенхем се обиде да се врати во натпреварот, но успеа да создаде посериозни шанси.

Од друга страна пак, Ајакс пропушти идеална шанса да го докрајчи противникот, но по асистенцијата на Тадиќ, Нерес ја погоди стативата.

Резултатот остана 1:0 во корист на гостите во пресрет на реваншот во Амстердам, па Ајакс е на добар пат да се пласира во финалето, а таму ќе се соочи со подобриот од дуелот Барселона Ливерпул.