(Видео) Нова песна на 5+, „Подобро ќе е“

Сега кога е најважно да се задржи оптимистичкиот дух и да ги прифатиме промените како предизвик за менување кон подобро, на радио станиците прозвучи новата песна на 5+ Бенд. 

Новата песна насловена како ‘Подобро ќе е’ испраќа токму ваква порака низ пријатна мелодија и текст што мотивира да ги промениме работите кај себе, особено оние за коишто секогаш тврдевме дека немаме време. 

Меѓу другото, песната ја најавува новата 6-та сезона од детската ТВ серијата „5+ Фамилија“, која ќе започне со емитување во пресрет на новогодишните празници. 

Како што често вели Петко, главниот позитивист и протагонист на 5+ Фамилија – другарки и другари запејте силно заедно со 5+ Бенд и знајте: Подобро ќе е!