(ВИДЕО) Нов гаф на Силјановска-Давкова, сега ги помеша Кочани и Кичево


Претседателскиот кандидат поддржан од страна на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, повторно направи гаф кој стана хит на социјалните мрежи.

Имено, по ненамерната грешка со неготинчани и кавадарчани, сега Силјановска-Давкова направи збрка со Кочани и Кичево, односно за тоа кој е родниот град на нејзината свекрва, меѓутоа на Силјановска-Давкова сето тоа како да и станува навика. Сето тоа привлекува огромно внимание, бидејќи политиките и ставовите кои ги застапуваат претседателските кандидати и онака се одамна познати, а гафовите и интересните моменти секако остануваат запаметени и се нешто за што се коментира многу повеќе отколку самите кампањи и јавните настапи.