(Видео) Ноќта кога гореше Нотр Дам, се запали и џамијата Ал Акса во Ерусалим


Една од структурите на џамијата Ал Акса во Ерусалим беше зафатена од пожар во понеделникот, во истата ноќ кога гореше катедралата Норт Дам во Париз.
Пожарот е брзо изгасен и никој не е повреден, пишуваат Раша тудеј и Спутник.
Пожарот избил во собата на еден од чуварите, која се наоѓа во близина на покривот на собата за молитва Марвана, се наведува во извештајот на агенцијата Вафа. Следела брза интервенција на пожарникарите, па не е причинета поголема материјална штета.

Причината за пожарот не е позната.

Џамијата Ал Акса е трет најважен објект во исламот.