(Видео) Ништо од `окупацијата` на Берлин, полицијата ги растера демонстрантите


Полицијата го растури масовниот протест во престолнината на Гeрманија, Берлин, одржан против мерките воведени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Противниците на рестриктивните мерки воведени поради спречување на Ковид-19 се собраа денеска на протестен марш во Берлин.

Демонстрантите се растерани од улиците по неколку часа од почетокот на протестот, затоа што не носеле маски и не почитувале растојание, пренесе Ројтерс.

Берлинската полиција преку Твитер соопшти дека немала друг избор и дека сите мерки кои до сега ги презела не довеле до почитување на условите од страна на демонстрантите.

Демонстрантите мирно се разотишле, но со спорадични инциденти, како палење контејнери и блокирање улици.

На протестот се собраа 18.000 демонстранти, а ги чуваа 3.000 полицајци.

Органите на редот се подготвуваа за можно насилство, со оглед на тоа дека противниците на антиепидемиските мерки на социјалните мрежи ги повикуваа своите следбеници ширум Европа да се вооружат и да го окупираат Берлин.

Порано оваа недела градот забрани одржување протести, но регионалниот суд донесе одлука демонстрациите сепак да се одржуваат. Судот наведе дека нема индиции дека демонстрантите намерно ќе ги игнорираат мерките за социјална дистанца.

Како што наведува Би-би-си, сличен протест, со учество на противниците на вакцинирањето и теоретичарите на заговори, одржан е пред неколку седмици, но потоа полицијата го растури, затоа што намерно игнорирале заштитни мерки како носење маски и одржување растојание.

Затоа градските власти најпрво ги забранија демонстрациите, но берлински суд застана на страна на демонстрантите.

Во Германија последните недели се забележува раст на боројт новозаразени со корона вирус, па надлежните стравуваат дека протестите може да придонесат во ширењето на заразата.

Германија досега успешно се справуваше со пандемијата, подобро од своите европски соседи. Нo, сепак дојде до зголемен број нови случаи.

Германската канцеларка Ангела Меркел во петокот апелираше до граѓаните да не се опуштаат и ситуацијата да ја сфатат сериозно.

Демонстрантите кои денеска се собраа пред Бранденбуршката порта во центарот на берлин носеа транспаренти на кои пишуваше „Сопрете ги лагите во врска со короната“, „Меркел мора да замине“.

Во Германија од почетокот на пандемијата потврдени се повеќе од 242.000 случаи со Ковид-19, а починаа повеќе од 9.000 пациенти.