(Видео) Невреме во Австрија? Поплави, одрони, откорнати дрвја


По подолг период на големи жештини во Австрија во понеделникот вечерта зафати големо невреме кое предизвика поплави и одрони.
Излеани се повеќе реки, поради што во некои населени места поплавени се улици и подруми.
Дождот предизвика и одрон кој предизвика голема штета. Затворен е и патот кој води кон тоа место, а дождот го оневозможи и железничкиот сообраќај.
Ветрот откорна и дрвја, кои паднаа на далекуводи и така во Салцбург прекинато беше снабдувањето со струја за 100 домаќинства.