(Видео) Невеста позира во моментот на експлозија во Бејрут, потоа замина да помага на жртвите


Невеста во Бејрут позриа на својата венчавка пред хотел во кој треба да се одржи свадбата во моментот кога се случува страшната експлозија вкоја однесе 135 животи, а илјадници беа повредени.

Исраа Себлани (29) стои пред хотелот „Ле Греј“ со својот сопруг и позира во венчалниот фустан пред фотограф, кога се случува експлозијата, а наоколу пукаат стакла. Камерманот потоа ги снима како сите влегувата во хотелот да се сокријат.

Младенците дошле од САД да се венчаат во родното место и да ги прослават среќните моменти. Но, се случува експлозијата, а невестата која е докторка, потоа заминува да им помогне на повредените, пренесува „Гардијан“.

До експлозијата дојде поради лошо складирање на амониум нитрат во пристаништето.