(Видео) Немири во Шведска


 

Шведската полиција денеска ги растеруваше стотиците противници на антипандемиските мерки кои организираа протиест во главниот град Стокхолм.

Протестот е организиран покрај тоа што има забрана за големи собири.

Полицијата го блокираше мостот во центарот на градот и на војста веб-страница соопшти дека е во дијалог со организаторите за да ги наговори демонстрантите да се разидат, пренесе Ројтерс.

На телевизиските снимки се гледа како полицијата одбива некои од демонстрантите, а според извештаите еден полицаец е полесно повредени и однесен во болница.

Според шеведскиот дневен весник „Дангенс нихетер“, демонстрантите допатувале во Стокхолм од сите страни на земјата каде има забрана за јавно собирање на повеќе од осум луѓе.

Шведска која има 10 милиони жители, во петокот регистрира 4.831 новозаразени со корона вирусот и 26 смртни случаи, а од почетокот починаа 13.003 поради Ковид-19.

Минатиот месец владата објави дека ќе го скрати работното време на рестораните, баровите и кафулињата и ќе ги заостри органичувањата на бројот луѓе кои смеат да бидат во продавница истовремено, со цел да избегне трет бран на пандемијата.