(ВИДЕО) Нејмар удри навивач на Рен


Бразилецот Нејмар ги загуби своите нерви по поразот во финалето на францускиот куп против Вен.

Парижаните отстапија по пенали и во регуларното време мечот заврши 2:2. Нејмар и неговите соиграчи може да жалат, бидејќи потрошија предност од два чисти гола, откако Бразилецот го реализираше првиот, а Даниел Алвеш вториот погодок.

По искачувањето на „Стад де Франс“ за да го добие својот сребрен медал, Нејмар влезе во дијалог со поддржувач на Рен, завршувајќи го разговорот со удар кон брадата на навивачот.

Нејмар повторно може да биде казнет по добивањето на казна за три дуели од европските турнири за навреда на службениците откако неговиот тим загуби во осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.