(Видео) Не е чајот на аеродромот – Навални објави во што бил отровот


 

Тимот на затруениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј наални, објави видео за тоа како бил отруен.

Неговиот тим на Инстаграм објави дека опозиционерот е отруен со шише вода во хотелската соба во која престојувал во Томск, пред летот на кој му се слоши.

Пред тоа се сметаше дека Навални е отруен на аеродромот непосредно пред летот.

Во објавата стои дека шишето вода е едно од бесплатните кои биле оставени во хотелската соба на Навални.

https://www.instagram.com/p/CFOnffrHZ0d/?utm_source=ig_embed

На Навални му се слоши минатиот месец на летот во Русија, па по неколку дена беше префрлен во болница во Германија.

Од таму потврдија дека тој е отруен со новичок, нервен агенс развиен во Советскиот Сојуз.

Русија пак, тврди дека нема докази оти Навални е отруен.