(Видео) Научници нашле живот на 900 метри под мраз: Тука не би смеело да има живот!


Случајно откритие на морски живот под површината на Антарктик фрла сомнеж на некои наши поранешни сфаќања за критериумите за постоење живи организми на студени и далечни планети во нашиот Сончев систем.

Џејмс Смит и Пол Анкер од пректот „Бритиш Антарктик сурвеј“ направија дупка во 900 метри дебелата ледена плоча Филшнер-Рон за да го анализираат калливото дно на морето. На нивно изненадување, сондата снимила карпа на која живееле живи организми.

На снимката се гледаат 16 сунѓери и 22 неидентификувани животни. Ова е прв пат под анктарктичкиот поркивач да се најдат стационирани живи форми, пишува New Scientist.

Храната им е оддалечена 260 километри

„Со причина сметавме дека на тие длабочини не би смеело да има живот“, вели биологот Хју Грифитс од истиот проект. Тој ги анализирал снимките и заклучил дека овие животни веројатно преживуваат на хранливи материи кои ги пренесува водата од -2°C. Но, уште не е јасно како овие животни облици опстоиле толку далеку од изворите на храна, со оглед на тоа дека оваа плоча е 260 км оддалечена од отворени води каде живеат фотосинтетски организми.

Дури, се смета дека храната за сунѓерите патувала уште подолго, вели Грифитс. Со оглед на тоа што го знаеме за океанските струи на тоа подрачје, се чини дека најблискиот извор на светлина е оддалечен 600 км.

Животот е многу поприлагодлив од што се мисли

Сè уште не е јасно дали живите организми на овие карпи се нови видови. Не е познато ниту колкав им е животниот век – некои сунѓери на Антарктикот се постари од 10.000 години. Дополнително, сè уште е мистерија колку често овие организми се хранат – еднаш годишно, еднаш во декада, еднаш на сто години?

Овој пронајдок е значаен затоа што покажува дека животот во најтешки околности како Антарктикот е поприлагодлив и поразновиде од што се мислеше.

„Ова не се гробишта на кои се наоѓаат неколку единки, работата е многу посложена“, додава Грифитс.

Стручњаците сметаат дека сознанието за тоа како овие организми се прилагодиле на живеалиштето кое е далеку од изворот на храна може да помогне да се разбере на кој начин се развивал животот во времето од пред неколку стотини милиони години кога нашата планета била потполно прекриена со мраз.