(Видео) Најмалку седуммина загинаа во торнадо во Нешвил


Најмалку седум лица загинаа, додека околу 40 објекти се урнаа, во торнадото кое го погоди Нешвил во американската сојузна држава Тенеси.

Повеќе лица се повредени, а бројни домови оштетени, јавува Ројтерс.

„Во куќите протекува гас, далноводите пропаднаа, а итните служби се на терен и им помагаат на повредените”, вели претставник на полицијата.

И аеродромот кој се наоѓа во близина на Нешвил претрпе значителна штета поради лошото време, а неколку хангари се оштетени.

На Твитер се појавија фотографии по торнадото, а многу од граѓаните наведуваат дека немаат струја.

Како што потсетува Ројтерс, Тенеси е една од државите кои денес ќе излезат на примарни избори, за да изберат кандидат за демократ, кој во ноември на претседателските избори ќе му се спротивстави на Доналд Трамп.