(ВИДЕО) Најмалку четири лица загинаа при израелскиот воздушен напад во близина на Дамаск


При нападот на израелските воени авиони во близина на Дамаск загинаа четворица цивили, а 21 се повредени, јавија сириските државни медиуми.

Сириската новинска агенција САНА наведе дека помеѓу загинатите е и едно бебе, а повредени се и три деца.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон објави дека во денешниот израелски напад загинале 15 луѓе, од кои шестмина цивили и девет припадници на сириската армија.

Израелските авиони од воздушниот простор на Либан утрово нападнаа цели во централна Сирија и во предградие на Дамаск.