(Видео) Најдобрата блокада во историјата на НБА


Што направи Бам Адебајо, навистина херојски!

Длабоко во сенката на подвигот на Никола Јокиќ и Денвер беше првиот натпревар од финалето на Истокот, помеѓу Бостон и Мајами, а со тоа и потегот на вечерта, a веројатно и на досегашната сезона!

Не, не е привлечно забивање, тројка од половина терен, кош зад грб – згора на тоа, тоа воопшто не е кош, тоа е блокада со која Бам Адебајо ја спаси победата за својот Мајами и  ја донесе една од најимпресивните блокади во историјата на кошарката.