(Видео) Најбизарниот гол падна на „Полјуд“: Славен слави, Хајдук дава гол


Публиката на „Полјуд“ денеска го виде еден од најбизарните голови во историјата. Во натпревар од хрватското првенство, Славен Белупо гостуваше кај Хајдук и губеше со 1-0 до средината на второто полувреме. Тогаш, се чинеше дека ќе го израмнат резултатот, но топката заврши во стативата што не им беше јасно на дел од фудбалерите од Копривница. Најдалеку отиде голманот на гостинскиот тим, кој отиде да слави со тренерот и соиграчите на резервната клупа. За тоа време, домашните продолжија со играта и погодија на празна мрежа за конечни 2-0.

„Мислам дека цел свет ќе го види голот“, изјави по мечот Дамир Буриќ, тренер на славниот клуб од Сплит.

На табелата, Хајдук има еден бод предност пред Динамо Загреб, но и два меча повеќе од загрепските „модри“, кои во недела на „Максимир“ го пречекуваат Осиек.