(Видео) На улица за Лукашенко – автобуси од цела земја кон Минск


 

Провладината јавна организација „Бела Рус“ има намера да одржи митинг на солидарноста во минск, главниот град на Белорусија, како поддржкана актуелниот претседател Александер Лукашенко.

„Во недела во 12 часот ќе биде одржан митинг на солидарноста на Плотадот на неџависноста во Минск. На него ќе учествуваат силите кои ја поддржуваат државната политика“, се наведува во нивното соопштение.

На митингот се очекува да се соберат сите кои ја сакаат татковината, кои се против поделба на земјата на два спротивставени табори.

„Со нас е цела конструктивна Белорусоја“, соопштија од Бела Рус.

ДО Минск веќе стигнуваат автобуси со поддржувачи, а од една област кон главниот град се упатиле дури 52 автобуси.

На Плоштадот на независноста во Минск се одржува и контра-митинг на поддршката на политиката на претседателот Ликашенко. Нешто подоцна во 14 часот на истото место закажан е митинг на опозицијата.

Потсетуваме, протестите во Белорусија почнаа веднаш по објавените резултати од претседателските избори на кои повторно победи Лукашенко со 80 отсто гласови.

Опозицијата не ги призна, додека лидерката Светлана Тихановска ја напушти земјата и замина за Литванија.

Првите три дена од демонстрациите беа насилни, полицијата користеше солзавец, водени топови, шок=бомби и гумени куршуми за нивно растерување. Но, веќе на 13-14 август протестите станаа помирни.

Според податоците на Министерството за полиција, во нередите од 9 до 13 август повреден е 121 полицаец, додека покренати се 90 кривични постапки. Едно лице загина.

Уапсени се речиси 7.000 демонстранти.