(Видео) На руски генерал му падна мраз на глава, во болница е


 

Во Москва, од покрив на зграда парче мраз му падна на глава на вршителот на должност генерал на руското министерство за итни случаи Анатолиј Елизаров, рече портпаролот на итната служба.

Генералот-полковник е префрлен во 67-та клиничка болница и е при свест, но се здобил со тешки повреди.

Според медиумите, големо парче мраз вчера се откачило од покривот на Националниот центар за управување со кризи, во моментот кога генералот поминувал по улицата на паузата за ручек. Објавена е и снимка од надзоните камери.

Според московското обвинителство, инцидентот се случил попладнето на западот од градот кога мразот паднал од нестанбена зграда во улицата „Иницијатива“, во округот Фили-Давидково. Се наведува дека е покрената истрага за да се утврди одговорноста за неодрживањето на нестамбената зграда кога има снег и мраз.