(Видео) На Путин му го скршиле носот, па престанал со бокс


Претседателот на Русија, Владимир Путин раскажа како му бил скршен носот додека во младоста тренирал бокс.

Првиот човек на Руската Федерација, разговараше со боксерите на маргините на Меѓународниот спортски форум „Русија – Спортска држава“. Спортистите му подарија прекрасна спортска ракавица и го повикаа да им се придружи на тренинзите.

Подарокот го потсети рускиот претседател на времето кога и тој тренирал бокс и кога на тренинзите му го скршиле носот.

„Првиот спорт со кој се занимавав беше боксот. Ми го скршија носот, па го прекинав тоа. Не отидов на доктор, ми го наместија носот на лице место“, раскажа Путин и додаде дека скршеницата бавно зараснувала и набрзо потоа одлучил да се занимава со други спортови.