(Видео) Му вградија имплант на човек со Паркинсонова, сега без проблем може да оди 6 километри


Првиот пациент што прими имплант на ‘рбетниот столб за лекување на напредната Паркинсонова болест, по третманот може повторно да оди.

На Марк Готје (63) од Бордо, Франција пред повеќе од 20 години му била дијагностицирана Паркинсонова болест и по извесно време имал сериозни проблеми со движењето.

Откако доби имплант кој ја враќа нормалната спинална сигнализација на мускулите на нозете, па може да оди понормално и повеќе не зависи толку многу од туѓата помош.

„Практично веќе не можев да одам без да паднам неколку пати на ден. Во некои ситуации, како што е влегувањето во лифт, се замрзнував на своето место, воопшто не можев да се движам“, рекол Готје, а пренесува „Гардијан“.

„Сега веќе не се плашам ни од скали“
„Сега не се плашам ниту од скали. Секоја недела одам до езерото и пешачам помеѓу 5 и 6 километри. Ова е неверојатно”, додал Готје.

Иако ова е само почетна студија и научниците треба да спроведат опсежно клиничко тестирање на ефикасноста на имплантот, тимот од Швајцарија верува дека нивната технологија може да понуди сосема нов пристап за лекување на проблеми со движењето за оние кои страдаат од Паркинсонова болест.

„Импресивно е да се види како со насочена електрична стимулација на ‘рбетниот мозок, на ист начин како што направивме со параплегичарите, можеме да ги поправиме нарушувањата на одењето што се јавуваат за време на Паркинсоновата болест“, рече неврохирургот Џоселин Блох од Универзитетската болница во Лозана.

Паркинсоновата болест предизвикува прогресивно губење на невроните кои произведуваат допамин. Околу 90% од пациентите со напредната Паркинсонова болест имаат потешкотии при одење. Конвенционалните третмани, како што е лекот Леводопа, може да ги подобрат симптомите, но не можат целосно да ја вратат нормалната подвижност.

Директно ја таргетира областа на ‘рбетот одговорен за активирање на мускулите
Имплантот, од друга страна, директно ја таргетира областа на ‘рбетот одговорен за активирање на мускулите на нозете при одење. Научниците најпрво развија персонализирана анатомска карта на ‘рбетниот мозок на Марк, која ги покажа точните локации каде се одвива сигнализацијата. Потоа на тие места поставија електроди.

Пациентот носи сензор за движење на секоја нога, а кога ќе почне да оди, имплантот автоматски се вклучува и испраќа импулси до ‘рбетните неврони. Имплантот помогна и при проблеми со рамнотежата и на крајот одењето на Марк наликуваше на движењето на здравите луѓе споредено со движењето на оние кои страдаат од Паркинсонова болест. Марк, исто така, пријави значително подобрување во квалитетот на животот.

Истражувањето под наслов „Невропротеза на ‘рбетниот мозок за локомоторни дефицити поради Паркинсонова болест“ беше објавено во списанието Nature Medicine.