(Видео) Моментот кога беше пукано во Роберт Фицо


Роберт Фицо во моментот кога го внесуваат во болница

 

Се појави аматерска видео снимка  како словачкиот премиер Роберт Фицо се поздравува со граѓаните кои го пречекаа кога тој излезе од седницата на владата одржана  во Хандлова, град на 150 километри североисточно од Братислава. 

Додека Фицо се ракува со некои од граѓаните се слушаат пет истрели испукани од непосредна близина. 

 

Фицо беше пренесен во болницата во градот Бањска Бистрица и таму опериран три и пол часа. Неговата состојба и понатаму е критична.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток изјави дека во Фицо биле истрелани пет куршуми и дека атентатот е политички мотивиран. 

Атентаторот, 71-годишниот поранешен член на обезбедување во еден шопинг мол лани објавил три видеа насочени против политичко насилство.