(ВИДЕО) Молотови коктели, метрото во пламен: Полицијата во Хонгконг употреби солзавец


На неодобрен антивладин собир во Хонгконг полицијата употреби солзавец за да ги избрка демонстрантите во туристичкиот кварт.

Тоа доведе во повеќечасовни конфликти во автономната кинеска територија.

Продемократските демонстранти поставуваа барикади на патиштата, фрлаа молотови коктели и го запалија влезот во метрото, користејќи ја тактиката „удри и бегај“ против полицијата.

Тензиите пораснаа откако демонстрантите денеска ги дочекаа силни полициски сили, чие однесување на протестите е една од причините за демонстрации.

Полицијата е на мета на критики поради користење солзавци, гумени куршуми и водени топови за сузбивање на демонстрациите во претходните месеци. Нејзините припадници минатиот месец користеа и боева муниција и ранија еден тинејџер во градите.

Од друга страна, полицајците наведуваат дека ти се жртви на насилство, бидејќи демонстрантите ги гаѓаат со камења и молотов коктел.

Некои демонстранти денеска ги гаѓаа полицајците со чадори и други предмети, додека некои вадеа цигли од тротоарите и ги фрлаа на улиците со цел да го блокираат сообраќајот.

Протестите во Хонгконг се одржуваат секој викенд од почетокот на јуни.

Тие тогаш избија поради предлог законот за екстрадиција кој предвидуваше предавање на осомничените лица на Пекинг, но набрзо прераснаа во борба за демократски права и зачувување на слободата кои на Хонгконг му се загарантирани 50 години од 1997. година кога Велика Британија ја предаде таа територија на Кина.

Иако владата во среда и официјално го повлече спорниот предлог закон за екстрадиција, исполнувајќи еден од клучните барања на протестантското движење, демонстрациите не стивнуваат.

Еден од демонстрантите изјави денес дека „проблемот е многу постар“ од спорниот предлог закон.

„Гледаме дека нашата иднина е под контрола на Кина. Гледаме дека сите правила и закони почнуваат да бидат контролирани од кинеската влада. Народот на Хонгконг не се прашува за својата земја и тоа е проблем“, изјави еден демонстрант.

https://twitter.com/ohboywhatashot/status/1188515342475239425