(Видео) Модуларната болница подготвена – се уште нема потреба од неа


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека мобилната болница поставена во кругот на Клиничкиот центар е целосно опремена, но се уште нема потреба од нејзините капацитети.

– Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капацитетите на установата и овозможивме простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци. Целата оваа структура ја поврзавме со „топла врска“ со зградата на инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе ја доопремиме и со потребната немедицинска опрема. Ја амортизираме евентуалната оптовареност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од корона вирус – соопштија од Министерството за здравство.