(Видео) Мистериозни објекти го осветлија небото над Калифорнија


Луѓето ширум Јужна Калифорнија беа маѓепсани од мистериозни објекти кои го осветлуваа ноќното небо. Светлите ленти беа забележани вчера околу 1:30 часот по локално време. Граѓаните пријавиле дека светлината е видлива низ сојузната држава, пишува ABC.

Многумина излегоа на социјалните мрежи за да добијат одговори за потеклото на светлата. Некои шпекулираа дека станува збор за метеор или комета, додека други мислеа дека тоа би можело да биде остатоци од ракетата Фалкон 9 на SpaceX, која се симна од вселенската база Ванденберг околу 19:30 часот во понеделникот.

Кинеското вселенско летало требаше да влезе во атмосферата
Воздухопловната корпорација, независна непрофитна корпорација за истражување на вселената, на својата веб-страница објави информации за кинеско летало за кое се предвидуваше дека повторно ќе влезе во атмосферата околу времето кога беше забележана мистериозната светлина.

Лабораторијата за млазен погон на НАСА има список на небесни настани за секој месец, како што се лесно видливи планети, затемнувања и комети кои можат да се видат преку двоглед. Сепак, на листата нема ништо што би можело да ја објасни светлината на небото над Калифорнија. Би-Би-Си потврди дека истражува што би можело да ја предизвика светлината.