(ВИДЕО) Меси ја прими „Златната копачка“


На денешната специјална церемонија, суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси го доби својата рекордна шеста „Златна копачка“, откако стана најдобар стрелец за сезоната 2018/19.

Аргентинецот ја заслужи наградата со своите 36 гола во последната кампања во Ла Лига. Неговите претходни пет вакви награди се за сезоните 2009/10, 2011/12, 2012/13, 2016/17 и 2017/18. Интересно е што церемонијата се совпадна со 15-годишнината од официјалното деби на Меси за Барселона. Неговата „Златна копачка“ му ја доделија неговите синови Тијаго и Матео.

– Благодарам на сите присутни, особено моето семејство. Тука се Луис Суарез и Жорди Алба – двајца од најголемите виновници за добивање на оваа награда. Без моите соиграчи, не можев да освојам ниту една. Ова е признание за целата соблекувална. Секако, Лигата на шампионите е нешто посебно и секоја година сакаме да ја освоиме, но најважно е првенството, рече Меси при добивањето на наградата.