(ВИДЕО) Мерко: Се удира врз етничка база


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во видеобораќање образложува зошто ја пресекол црвената лента на дивиградбата на општинскиот советник во Охрид, Нафи Усеини. Мерко вели дека тој отишол на отворање на пицерија кај свој пријател, сопартиец и не гледа тука ништо лошо.

На Охриѓани им порачува тие да си се грижат за нивниот Охрид.

– Кај бевте досега? Ако тоа е дивоградба, каде беа локалните и централни власти досега? – додава Мерко.

Тој вели дека се критикува на етничка база.

Целото видео во прилог: