(Видео) Маж се заканувал со граната во трговски во Москва

Полицијата во Москва трага по непознат маж кој со бомба се заканувал на безбедноста во големиот трговски центар „Метрополис“ во руската престолнина.
Безбедносните сили го уапсиле поради кражба, откако извадил предмет кој личи на граната.
Како што може да се види на видеото, луѓето бегаат од зградата, додека многумина се нашле на улица во лесна облека, без јакни.
Според РИА Новости, напаѓачот побегнал во метро станицата Војковскаја. Во инцидентот нема повредени.