(Видео) Матурант качен на автомобил покажува среден прст на полицајците – се знае кој е

Видео од матурант кој е качен на кров од автомобил и му покажува среден прст на полицаец, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.
Момчето кое слави матура во близина на хотелот „Александар Палас“ се однесува недолично додека полицаецот се обидува да воведе ред и мир.
Од МВР соопштија дека е утврден идентитетот и оти момчето ќе биде повикано на разговор во полициска станица.
За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави, велат од Министерството.
„Првенец на генерација, затоа ваква емоција“, „Иднината на Македонија“… се дел од коментарите на видеото објавено на социјалните мрежи. Коментарите што измамија најмногу реакции беа „Си мислиш за астронаут заврши тој едвај средно со 300 пријатели“ и „Во наше време, ваквите во лудница ги носеа“.