(ВИДЕО) Матео Салвини со честитка за Денот на независноста на Македонија

Во кратко видео објавено на социјалните мрежи италијанскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Матео Салвини го честиташе Денот на независноста на Македонија.

Лидерот на Северна лига, една од најголемите политичка партии во Италија, во друштво со нашинци што живеат во Италија им го честиташе Денот на независноста на македонскиот народ и на сите други народи.

– Од срце за македонскиот народ и сите други народи, за да можат да имаат гордост, безбедност и просперитет, чао момци – вели Салвини во видеото објавено на социјалните мрежи