(Видео) Маркон прв влезе во Нотр Дам уште додека гореше

Францускиот претседател Емануел Макрон влезе синоќа во катедралата Нотр Дам, чии делови беа проголтани од огромен пожар, кој дури рано утрово беше ставен под контрола.

Симболот на Париз катедралата Нотр Дам ја зафати пожар во понеделникот околу седум часот попладне, по локално време. По повеќе од 10 часа борба, пожарникарите успеаја огнената стихија да ја стават под контрола. Сочувана е главната конструкција на катедралата, но покривот е потполно уништен и урнат. истото се случи и со познатата камбанарија. Покрај парижаните и цел свет во шок набљудуваше како го снемува историскиот симбол на Франција, кој преживеа војни и други разорувања.

Меѓу првите кои влегоа во катедралата, додека сѐ уште гореше, влезе францускиот претседател Емануел Макрон со својата сопруга.

Во тој момент се уште паѓаа искри и догорчиња околу нив.

loading...