(Видео) Малме во пламен – протести откако екстремисти го запалија Коранот

 

Откако членови на екстремно десничарската организација Радикален курс запалија примерок од светата исламска книга Коран и тоа го објави на социјалните мрежи, во шведскиот град Малме во петок вечерта беа организирани протести кои ескалираа, а полицијата мораше да интервенира.

Најпрво се собраа 300 демонстранти против ваквите антиисламски активности, но подоцна бројот на присутни се зголеми. Фрлаа камења на полицијата и палеа гуми и демонстрациите ескалираа на истото место каде книгата беше запалена. Повредени се неколку полицајци, а уапсени се 15 луѓе.

Безбедносните сили мораа да одговорат на демонстрантите за да ја стават ситуацијата под контрола.

На основачот на Радикален курс Расмус Палудан влезот во Шведска му е забранет веќе две години. Тој сакал да дојде на митинг за Коранот, но влезот не му бил дозволен па настанаа овие судири.

Шведскиот весник „Афтонбладен’ извести дека во текот на вчерашниот ден се случиле неколку противисламски активности. Тројца мажи на јавен плоштад го фрлале Коранот меѓусебе,  а полицијата ги пронајде и ги уапси.