(Видео) Макрон го гаѓаа со домати


 

Претседателот на франција Емануел Mакрон доживеа непријатност во текот на посетата на општина Сержи на северозападот на Париз.

Демонстрантите при посетата го гаѓаа со домати, иако во ова место Макрон на изборите доби поддршка од 76 отсто.

Претседателот на Франција одржа говор, каде вети дека ќе ги сослуша сите гласачи, а подоцна додека одеше низ масата народ дојде до овој инцидент.

Обезбедувањето се обиде да го заштити со чадор.