(Видео) Најголемата молња во историјата – се протега 768 километри


 

Речиси 800 километри е долга најголемата молња која го осветли небото над три американски сојузни држави и е најголема во историјата, потврдија научниците.

Молњата се случила во 2020 година а се протегала преку 477,2 милји или 768 километри, а го осветли небото над Мисисипи, Луизијана и Тексас.

Претходниот рекорд беше 440,6 милји (709 км) и беше забележан во Бразил 2018 година. Молња ретко се протега на повеќе од 10 милји и обично трае помалку од една секунда, пишува Би-би-си.

Еден блесок е забележан во 2020 година, во Уругвај и Аргентина, кој гго постави новиот рекорд во траење од 17,1 секунда. Претходниот рекорд изнесуваше 16,7 секунди.

„Ова се извонредни случувања“, рече професорот Рандал Каверни, известувач на Светската метеоролошка организација за временски и климатски екстреми. Според нив, двата рекорда се случиле на подрачја склони кон интензивни бури кои произведуваат „мега-молњи“.