(Видео) Мадуро кај Путин


 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Москва ги поддржува сите легитимни органи на власт во Венецуела, вклучително и институцијата претседател.

„Русија доследно ги поддржува сите легитимни органи на власта во Венецуела, вклучително институцијата претседател и парламентот. И ние, без сомнеж, го поддржуваме дијалогот кој вие, претседателе, и владата го водите со опозициските сили“, рече Путин на состанокот со Мадуро во Москва.

Како што пренесе Тасс, тој додал дека Русија смета оти секое отфрлање на дијалогот е „ирационално и штетно“ за земјата и дека претаставува закана за добробит на населението.

Путин укажа и на соработката на Москва и Каракас во воено-техничката област, која првенствено се доведува во врска со обврските на Русија да обезбеди одржување на вооружувањето од руско производство кое го купи венецуела.

„Посетата на русија го зајакнува (нашиот) сојуз, билатералната соработка и придонесува за сеопфатен развој на нашите народи. Ова е пријателски однос полн почит кој го градевме во последните 20 години, а дојде најдобар момент за негово зацврстување. Да живее Венецуела, да живее Русија“, напиша Мадуро на својот Твитер налог.