(ВИДЕО) Мадона подготвена за вечерашниот настап на Евровизија


Поп-иконата Мадона вечерва ќе настапи на финалниот дел од Евровизија, чиј домаќин е Тел Авив.

Кралицата на попот, Мадона, во оваа пригода ќе промовира нов сингл како најава за 14. албум кој ќе биде објавен во текот на летото. Пејачката ќе заработи речиси 1 милион долари за изведбата, а хонорарот го обезбедува Саливан Адамс, милијардер со кандаско-израелско потекло.

Тој за медиумите рече дека ова го прави со цел да ја промовира својата земја низ целиот свет.

„Евровизија е голема работа, но не е позната во Северна Америка. Ја поканивме Мадона за со нејзиното присуство да го зголеми интересот за фестивалот во овој дел од светот“, рече Адамс кој минатата година донираше 80 милиони долари за трката „Џиро ди Италија“ да се одржи во Израел.