(Видео) Лукашенко не гледа вирус – игра хокеј


Белорусија е единствена земја во Европа во која се игра фудбал, и покрај пандемијата на корона вирус, а се играа натпревари и во аматерската лига во хокеј на мраз. На лизгалки и на терен излезе и претседателот на државата Александар Лукашенко, чија екипа е меѓу учесниците во плејофот.

Натпреварот се одигра пред полни трибини, а по завршување на средбата Лукашенко изјави:

„Овде нема вирус. Гледате негде во воздухот околу нас вирус? – Јас не го гледам. Овде е ладно како во фрижидер и тоа е добро за здравјето“.

Белорусија е земја со околу десет милиони жители и досега се регистрирани 100 случаи на корона вирус. Дека болеста што го тресе светот не влијае врз белорускиот спорт е показател и фудбалскиот шампионат во кој викендов се комплетира второто коло.