(Видео) Лудост или професионалност: Новинар известува за поплави во вода до грло


Пакистански репортер се прослави преку ноќ откако видео-снимка од неговиот извештај за поплавите стана популарна на социјалните мрежи.
Новинарот на „Ге-ТВ“ Азадар Хусеин се вклучи директно во вестите на телевизијата стоејќи во вода кај поплавеното подрачје, така што само главата му се гледа.
Тој известува за Пунџаба, каде се изела реката Синд, а иако од водата му се гледа само главата и раката со која го држи микрофонот, тој смирено зборува за катастрофалните поплави и последици кои таа ќе ги предизвика.
На социјалните мрежи се појавија коментари во кои се наведува дека Хусеин „отишол, буквално, многу длабоко во своето истражување“ и дека заслужува пулицерова награда за својот „импресивен труд“. Но, постојат и такви кои констатираат дека е „луд што себеси се довел во толку опасна ситуација“.