(Видео) Лудило на автопат: Пари испаднале од камион


На автопатот недалеку од Сан Диего настана вистинско лудило кога од блиндиран камион испаднаа вреќи со готовина. Другите возачи ги запреле возилата и трчале да соберат што повеќе банкноти.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат пари расфрлани на двете ленти на автопатот во округот Калифорнија, како и бројни запрени возила. Имаше и тепачки и апсења.

Луѓето трчаа по патот, недалеку од Сан Диего, за да можат да соберат што повеќе пари.
Некои од нив одлично се забавуваа, фрлајќи купишта пари преку глава.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека поради некоја причина се отворила вратата од оклопното возило, поради што вреќите со готовина испаднале на патот.

Банкнотите наводно биле меѓу еден и 20 долари, пренесува San Diego Union Tribune.

Досега се уапсени две лица, а полицијата ги повикува граѓаните да ги вратат парите што ги зеле.

Според локалните медиуми, десетина луѓе веќе ги вратиле парите, а станува збор за голема сума.