(ВИДЕО) Луда трка со автомобили низ Ѓорче Петров


Огромни реакции има на социјалните мрежи по објавувањето на видеоснимката на која се гледа како во еден момент два автомобила, кои очигледно се тркааат еден со друг, со огромна брзина преминуваат во спротивната лента од коловозот и претекнуваат друго возило преку две полни линии.

Граѓаните се жалат дека ваквите сцени се многу чести на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска населба. По оваа улица досега имало и неколку сообраќајни незгоди со смртни последици, токму поради непочитување на ограничувањето на брзината.