(Видео) Луда среќа или чудо: Преживеа пад со авион, има само гребнатики


Мухамед Зубаир изјави дека тој самиот не знае како претрпел само полесни повреди во грозоморната несреќа.

Овој Пакистанец за чудо, со друг патник, го преживеал падот на авионот „Пакистан ерлајнс“ во Карачи.

Зубаир, пишува „Гардијан“, раскажал дека тој немал скоро ништо, и дека повеќе бил повреден при бегството од запалениот ѓубре отколку за самиот пад.

Патнички авион „Ербас А320“ во петокот полетал од градот Лахоре на меѓународниот аеродром „Џинхан“ во Карачи, еден од најпрометните аеродроми во Пакистан, но пилотот наскоро ја известил контролата на летот дека еден од неговите мотори откажал.

„Беше застрашувачко. Го видов само огнот и ги слушнав луѓето околу мене како врескаат од болка“, раскажува Зубаир.

Тој исто така наведува дека авионот неуспешно се обидел да слета на пистата барем двапати пред да се урна во населбата во Карачи.

“Кога стана јасно дека авионот се урна, сите почнаа да плачат, да викаат и да се молат. Во моментот кога се урна авионот, се онесвестив. Не знам колку бев несвесен, но не можеше да трае долго. Кога  се освестив, освен оган и чад, не можев да видам ништо. Имаше врескање и плачење од сите страни, вклучувајќи и многу деца. Беше страшно“, изјави Зубаир за локалните медиуми.

Во авионот во моментот на несреќата имало 91 патник и осум членови на екипажот, но покрај Зубаир, само уште еден патник успеа да преживее. Се стравува дека конечниот број на жртви од несреќата ќе биде многу поголем, бидејќи авионот се урна во градска населба и во таа прилика уништи неколку станбени згради. Градоначалникот на Карачи изјави дека операцијата за спасување е сè уште во тек и дека подоцна ќе биде објавено колку луѓе загинале на земја.