(ВИДЕО) Ливерпул лесно се справи со Порто, Тотенхем до минимална победа во англиското дерби


Завршија првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Во големото англиско дерби помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити во Лондон домаќините славеа со минимални 1:0, додека пак на „Енфилд Роуд“ Ливерпул со 2:0 го совлада Порто.

Ливерпул ја искористи фаворитската улога и на својот „Енфилд Роуд“ дојде до голема победа над Порто, кој се покажа дека не е нималку наивна екипа, но според квалитетот е далеку зад „Црвените“.

Сигурно дека во овој двомеч уште ништо не е готово, но со овој резултат Ливерпул е на чекор од ново полуфинале.

На водечкиот гол не се чекаше долго. Во петтата минута од мечот Фирмино го проигра Кеита кој биеше кон голот на гостите, а на патот кон Касилјас таа удри некој од гостинските фудбалери и го промени правецот со што го измами шпанскиот голман за огромна радост на трибините.

Во 26. минута Александер-Арнолд по една акција несебично го проигра Фирмино, на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата на Порто, па Ливерпул веќе имаше удобна предност од 2:0.

https://streamable.com/23p9p

На спротивната страна Марега имаше две добри шанси за Ливерпул, но Алисон се покажа како непремостлива пречка за гостите. Во еден момент Александер-Арнолд играше со рака во шестнаестникот, но по прегледувањето на ВАР снимката, наместо пенал за Порто, беше досуден прекршок во напад и топка за Ливерпул.

Фирмино имаше уште една голема шанса која не ја искористи, а во второто полувреме Ливерпул постигна и трет погодок, но беше поништен по прегледување на ВАР снимката.

Во Лондон, Тотенхем покажа одлична игра и целосно го неутрализираше Манчестер Сити. Двете екипи на моменти играа спектакуларен и отворен натпревар, а единствено недостасуваа повеќе голови.

Виновен за тоа е и Серхио Агуеро, кој имаше шанса да донесе предност за „Граѓаните“ веќе во 13 минута, но неговиот удар од белата точка беше одбранет од голманот на домаќините, Уго Лорис.

По ова, Манчестер Сити влезе во мала криза, а Хари Кејн имаше шанса на спротивната страна да постигне гол, но Едерсон го одбрани неговиот удар.

Голем проблем настана за Тотенхем во второтополувреме кога нивната прва ѕвезда Хари Кејн доживеа повреда и мораше предвреме да го напушти теренот, а на негово место влезе Лукас Моура.

Сепак, тоа не влијаеше на играта на Спарси кои дојдоа до водство во 78 минута благодарение на Сон Хјонг Мин и невниманието на Делф. Кореецот успеа да спаси една топка од гол-аут, англискиот репрезентативец бараше топка за Манчестер Сити, а тој момент го искористи Сон за да го матира Едерсон за големо водство на Тотенхем, а на крајот и за голема победа.

Реваншите се играат на „Драгао“, односно „Етихад“, за осум дена.