(Видео) Лекарите од Клинички ќе се паркираат во „Лимак“


Фото: Б. Грданоски

Во договор со „Лимак“ во близина на Клиничкиот центар во Скопје, Министерството за здравство наоѓа решение за паркирање на клиниката. 

Имено, како што рече министерот за здравство Азир Алиу, дел од вработените во Клиничкиот центар, ќе се паркираат на дел од просторот кој го нуди објектот „Лимак„, а за тоа ќе се плаќа исто како и за паркирање досега. 

Министерството за здравство нема да го чини ниту денар.

Од 1 јули, вработените во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе може да паркираат во „Лимак“. На скопските клиники дневно циркулираат 6 илјади пациенти, а има над 2.500 вработени.

 

– Потпишавме меморандум со ‘Лимак’ со кои обезбедуваме 300 паркинг места за вработените, таму има 24 часат пристап. Парингот е на 5 минути пешачење. Таму ќе има табли поставени кои спратови се обезбедени за вработените во здравствените установи. Тие ќе плаќаат за паркирањето таму, плаќаат и сега – рече Алиу на денешната прес-конференција додавајќи дека уште  немаат методологија како да ги натераат вработените таму да паркираат.

Алиу рече дека на Клинички има 700 места за паркирање, а во моментот се паркираат околу 2.000 возила, па некои завршуваат и на треб=вници, што мора да се искорени. 

Министерот најави и дека во рамки на Клинички центар ќе бидат поставени интерактивни информтивни табли на кои, на пример, ќе има информации колку паркинг места има пред одредена клиника, или каде точно е одредена институција.

 

Алиу рече дека паркингот не е ни мапиран каде да се паркира возило и дека прават анализа колку пациенти ги користат паркинг местата, колку вработени има. Долгороченото решение за паркингот ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар.

Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу. Проследете ја: