(Видео) Лавина на Хималаите уби двајца полски туристи, 19 се затрупани


 

Двајца скијачи загинаа, а 19 некое време биле затрупани од снег, откако лавина погоди популарно скијалиште на Хималаите. Огромна лавина зафати 21 трурист и двајца водачи од Кашмир. Загинаа двајца скијачи од Полска, а спасувачките екипи ги извлекле останатите туристи.

„Туристите скијале во планините близу градот Гулмарг. Покренавме акција за спасување. Досеха пронајдовме две тела“, соопшти локалната полиција. Останатите 19 туристи и двајцата локални водичи се спасени.

Чести лавини и одрони на подрачјето на Кашмир

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од лавината на која се гледа како многу снег се движи низ планината, а турситите бегаат на сигурно. Планинскиот синџир Порпањал е популарно скијачко одредиште за Индијците и за странците. во „010 година на тоа место загинаа најмалку 17 индиски војници откако лавина ги погоди припадниците на војската кои таму вежбале.

Лавини и одрони се чести на подрачјето на кашмир. Во текот на 2017 година во три одвоени наврати лавина затрупа индиска војска, при што загинаа најмалку 20 војници, а во 2012 година голема лавина во делот под Пакистан уби 140 луѓе, меѓу кои и 129 пакистански војници.